Барселона повлекува очајнички потег поради Меси

Шпекулациите дека Лионел Меси може да ја напушти Барселона ги алармираше челните луѓе во каталонскиот гигант.

По судирот меѓу Аргентинецот и спортскиот директор, и негов поранешен соиграч, Ерик Абидал, поради критиката која Французинот ја упати на сметка на играчите, претседателот на клубот, Џозеп Марија Бартомеу реши да не седи со скрстени раце.

Шпанските медиуми пишуваат дека првиот човек повторно покрена мисија за носење на Бразилецот Нејмар, овој пат на лето и тоа по секоја цена.

-Во Барселона се плашат од Меси и сакаат сериозно да ги сфати нивните амбиции кои се насочени кон Лигата на шампионите за да не би помислил за одење од клубот, пишува шпански „Ел Конфиденцал“.

Доколку Барселона не успее да го доведе Нејмар, многу е веројатно Меси, кој во договорот има клаузула дека на крајот на секоја сезона може да разговара со кој било глуп, да ја напушти Барселона.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2020 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега