Барди до соиграчите: Ајде момциии, сите сме со вас браќа!

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди денеска нема да биде во составот на Игор Ангеловски за историскиот дуел што Македонија го игра во Тбилиси, Грузија за пласман на Европско првенство. Тој има повреда на грбот, па не отпатува со колегите од селекцијата на најважното гостување на нашата репрезентација, од осамостојувањето на државата.

Барди пред почетокот на мечот испрати порака на Инстаграм за своите соиграчи.

„До овде стигнавме затоа што го заслуживме, уште еден чекор пред големиот сон за сите нас! Нема да можам да сум на терен со вас, но ќе навивам до крај и ќе ве поддржам во секоја секунда на утакмица, поддржете се еден со друг и ќе ја добиеме уште оваа. Ајде момциии, сите сме со вас браќа!“, напиша Барди на социјалната мрежа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2020 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега