Банките подготвени да понудат поповолни услови за постојните кредити

Македонската банкарска асоцијација вечерва соопшти дека нејзините членки се подготвени да излезат во пресрет на сите барања од граѓаните и компаниите кои се соочуваат или ќе се соочат со времена неможност за отплата на кредитите.

Оттаму ги оценуваат како позитивни најновите мерки на Народната банка кои, како што наведуваат, даваат значително олеснувања и стимул за побрзо и поефикасно постапување по барањата на сите оние корисници на кредити кои имаат потреба за времена промена на условите за плаќање на кредитните обврски кон банките и штедилниците.

– Заради отстранување на било какви дилеми и шпекулации, би сакале да појасниме дека овие мерки не значат мораториум на отплатата спрема банките и штедилниците, туку даваат можност на брз и ефикасен начин да се излезе во пресрет на сите оние на кои тоа им е потребно во моментов и месеците кои се пред нас. Сите сме дел од ова општество и оваа економија и затоа е потребно со внимателно управување со ресурсите со кои располага нашата економија на најдобар можен начин да се соочиме со проблемите и кога оваа криза ќе помине да продолжиме со најмали можни последици за секое наше семејство, компанија, нашиот економски и финансиски систем и општеството во целина. Нашите членки, банките, штедилниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро ќе дадат максимален придoнес во тој правец, се наведува во соопштението. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2020 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега