Банки: Одлагање на отплатата на ратите за кредити до шест месеци

Oдлагање на отплатата на кредитите до шест месеци, односно најдоцна до 30 септември е одлуката на банките членки на Македонската банкарска асоцијација што ќе ја понудат на граѓаните.

Од банкарската асоцијација сепак потенцираат дека мерките што вклучуваат одложување на отплатите на кредитите се наменети за оние физички лица и компании кои навистина се во неможност во овој период да продолжат со подмирување на своите обврски кон банките и штедилниците и други доверители заради престанок со работа на компаниите, губење работни места, намалување плати итн.

„Се разбира сите оние кои се во можност да продолжат да отплаќаат, да го сторат тоа. На тој начин ќе покажат солидарност со сите оние на кои навистина им е потребна помош во текот на корона-кризата“, – нагласуваат од МБА.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега