Бан Ки-мун: Белград и Приштина да дадат одговори за исчезнатите лица и воените злосторства

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денеска ги повика властите во Белград и во Приштина за расветлување на судбината на исчезнатите лица и за откривање на сите воени злосторства.

- Приоритетно треба да биде расветлувањето на судбината на исчезнатите лица и покренување на судска одговорност за сите извршители на воени и други злосторства, посочува Бан.

Тој наведе и дека меѓународната поддршка и ангажман во Косово и понатаму имаат клучно значење.

најчитано сега