Бакојани: Никогаш нема да кажам „Македонец" за соседниот премиер

Поранешната шефица на грчката дипломатија, а сега пратеник од Нова демократија, Дора Бакојани, во интервју за грчкото радио „Њуз247“ вели дека за нашата земја ќе го користи новото име Северна Македонија, но нема да може да каже Македонец премиер или Македонец министер, јави дописничката на МИА од Атина.

-Секако ќе ја нарекувам Северна Македонија, како што ја нарекувам секоја земја со нејзиното име. Јас секогаш, соседната земја ја нарекував поранешна југословенска Република Македонија, што беше нејзиното официјално име. Сега кога официјално име е Северна Македонија, ќе ја нарекувам Северна Македонија. Она што нема да можам да го направам е да кажам Македонец премиер. Следниот премиер или господинот Заев ќе го наречам премиер на Северна Македонија. Македонец премиер и Македонец министер нема да кажам. Нема да кажам, бидејќи сметам дека тоа е основната и многу голема грешка на овој договор, рече Бакојани,

За време на интервјуто за грчкото радио прашана за несогласувањата на Нова демократија за Договорот од Преспа, Бакојани, осврнувајќи се на нашата земја, самата го употреби името Северна Македонија.

-Нашето несогласување со Договорот од Преспа е длабоко политичко и суштинско, бидејќи она што ние го кажуваме е дека долгорочно, затоа што не е решено идентитетското прашање, односно иредентизмот, ќе постоја проблеми и во внатрешноста на Северна Македонија и надвор, рече Бакојани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега