Бајрам од денеска нов партнер на Заев: Кај е народот таму сум и јас

Амди Барјам влегува во мнозинството на Заев.

Во телефонски разговор за ,,Фокус’’, Бајрам вели дека е презадоволен и благодарен за оваа одлука. Според него, во последните пет месеци, откако бил независен, тој ја поддржал власта, па затоа и очекувано станал дел од мнозинството.

 

-Каде е народот, таму сум и јас. Морам да мислам на Ромите, ние не сме силен народ, и никогаш не сум криел дека јас сум секогаш со власта. Нема место за глума или фолирање, ние сме секогаш со победниците, со оние на кои мнозинството им ја дало довербата – тврди Амди.

 

Тој додава дека кога започнал да сфаќа како бродот на ВМРО ДМПНЕ тоне, решил да сврти нов лист.

 

-Се виде ВМРО, уште кога започна да им тоне бродот, ете си замина и Груевски, јас немав што да барам повеќе таму и станав независен. Цели пет месеци сум поддршка на власта. И тоа го правам во интерес на Ромскиот народ. Значи секогаш работам за доброто на моите луѓе – вели лидерот на Сојузот на Ромите.

 

Околу тоа што за време на предизборната кампања на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, мафташе на бината со морков во рака и го исмејуваше Заев, тврди дека сите недоразбирања со премиерот ги надминале.

 

-Јас нормално дека му се извинив на премиерот, но тој е дел од политиката со години, и јасно му е дека тоа е само дел од политиката, не е ништо лично. Не знам зошто сите се фатија за мене и моите изјави, кога не сум единствениот кој користел такви изрази, ете и Стевчо и многу други, да не ги набројувам сега, се користеле со секакви изрази. Обичниот човек треба да знае дека сето тоа е политика и ние, политичарите сме свесни за тоа. И токму поради тоа постои зборот извини, кој јас му го кажав на Заев уште одамна – ни изјави Бајрам.

 

 

 

 

 

15.05.2018 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа