Бајден вети дека ќе му ја каже „црвената линија“ на Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е „црвената линија“, пренесе агенцијата Франс прес.

„ Не бараме конфликт со Русија, но ќе одговориме доколку Русија продолжи со своите активности“, изјави Бајден пред новинарите по самитот на лидерите на НАТО.

Бајден, кој ќе се сретне со Путин во Женева во четврток, го опиша рускиот претседател како интелигентен, цврст и „достоен противник“.

„ Сепак, тој (Путин) мора да разбере дека ќе биде трагедија ако умре опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој е во затвор во Русија“, предупреди Бајден.

Американскиот претседател го осуди „агресивното однесување“ на Русија и инсистираше на поддршка на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Русија го анексираше украинскиот полуостров Крим во 2014 година и ги поддржува проруските бунтовници во источна Украина.

Според агенцијата АП, Бајден изразил надеж дека рускиот претседател ќе покаже интерес за „промена на перцепцијата што светот ја има за него“.

Макфакс

15.06.2021 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега