Бајден подготвува нови санкции против руската нафта пред доаѓањето на Трамп

 


Администрацијата на Бајден размислува за нови, построги санкции против профитабилната руска трговија со нафта за да го зголеми притисокот врз Кремљ само неколку недели пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да се врати во Белата куќа.

Деталите за можните нови мерки се уште се разработуваат, но тимот на американскиот претседател Џозеф Бајден размислува за ограничувања кои би можеле да бидат насочени кон извоз на руска нафта, пренесува Блумберг, повикувајќи се на анонимни извори.

Според извештаите, Бајден долго време се спротивставувал на новите санкции од страв дека тие ќе доведат до зголемување на светската цена на енергијата, особено пред претседателските избори во Соединетите Американски Држави, но сега неговата администрација е отворена за поагресивни потези.

Цените на нафтата паѓаат поради глобалната презаситеност, а сегашната администрација во Вашингтон се плаши дека Трамп ќе ја принуди Украина брзо да ја заврши војната со Русија и да го принуди Киев на значителни отстапки, пренесува Танјуг.

Вашингтон би можел да воведе ограничувања слични на оние за нафтата од Иран, кои исто така би биле насочени против купувачите на руска нафта. Ова би бил многу ризичен потег бидејќи некои многу моќни земји, вклучувајќи ги Кина и Индија, се главните потрошувачи на нафта од Русија, според медиумот.

Дополнително, споменатите ограничувања на руската нафта би можеле да доведат до зголемување на глобалната цена на овој енергенс, додава њујоршката агенција.

11.12.2024 - 11:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега