Бајден по масакрот во Вирџинија: Потребни се реформи за прашањето за оружјето

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека се потребни реформи во областа на оружјето.

Тој ова го изјави по последното масовно пукање во кое загинаа најмалку шест лица во „Волмарт“ во американскиот град Чесапик, Вирџинија.

„Поради уште еден ужасен и бесмислен чин на насилство, сега ќе има уште повеќе празни маси низ земјата за Денот на благодарноста. Како нација, треба да се здружиме, треба да преземеме позначајна акција“, рече Бајден, пренесе Ројтерс.

Полицијата првично соопшти дека во нападот биле убиени помалку од 10 лица, изјави полицискиот портпарол Лео Косински,пренесе Телеграф.рс.

23.11.2022 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега