Бајден одлучи: Американските трупи го напуштаат Авганистан до 11 септември

Американскиот претседател, Џо Бајден, одлучи да ги повлече американските трупи од Авганистан до 11 септември 2021 година.

И тоа е 20 години откако нападите на Ал Каеда ја започнаа најдолгата американска војна.

Повлекувањето, сепак, ќе се заснова на одредени гаранции за безбедност и почитување на човековите права, велат извори, под услов тие да не бидат именувани пред официјализирањето на одлуката.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и американскиот министер за одбрана Лојд Остин се очекува утре да ги известат сојузниците на НАТО во Брисел.

Бајден може да ја објави својата одлука јавно, велат изворите.

Неговата одлука, доколку биде потврдена, ќе го надмине рокот за повлекување од 1 мај, договорен со талибанските бунтовници од администрацијата на неговиот претходник Доналд Трамп.

Во изјавата минатиот месец талибанците се заканија дека ќе продолжат со непријателствата против странските трупи во Авганистан, доколку не го исполнат крајниот рок за повлекување до 1 мај.

МАКФАКС

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 19:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега