Бајден најави 625 милиони долари помош за Украина и испрати еден од најразорните системи

Американскиот претседател Џо Бајден најави помош вредна 625 милиони долари за Украина, а во следниот пакет ќе има четири фрлачи на артилериски ракетен систем со голема мобилност, муниција, како и други возила.

Ова е првиот пакет на американската влада за 2023 година, кој му дозволува на Бајден да повлече до 3,7 милијарди долари вишок оружје за трансфер во Украина до средината на декември.

Минатата недела САД откри дека подготвува нов пакет воена помош во вредност од 1,1 милијарда долари, кој вклучува дури 18 системи ХИМАРИС и друга опрема.

04.10.2022 - 22:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега