Бајден како и Трамп го прекрши кралскиот протокол на приемот на кралицата Елизабета

Американскиот претседател Џо Бајден исто како и неговиот претходник Доналд Трамп го прекрши кралскиот протокол кога неговата колона пристигна на приемот за вечера на Г7 по британската кралица Елизабета.

Делегацијата на Џо Бајден со 18 автомобили пристигна во Ејден Проџект пет минути по пристигањето на кралицата.

Кралицата пристигна таму со принцот Вилијам и Кејт и принцот Чарлс и Камила.

Според протоколот, сите гости треба да пристигнат пред кралицата за која било официјална пригода.

Сепак, доаѓањето на Бајден по кралицата Елизабета не го расипа расположението на состанокот, а кралицата имаше срдечен разговор со претседателот на САД.

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп, пак, два пати го прекриши кралскиот протокол кога при посетата на Бакингамската палата. Трамп не ја поздрави кралицата соодветно, со традиционалното поклонување со глава, како што наложуваат официјалните упатства на кралската веб-страница. Меланија, исто така, не го изведе традиционалното женско поклонување со свиткани колена. Неколку минути подоцна, Трамп повторно покажа лоши манири, додека ја разгледуваше кралската стража со кралицата. Освен што зачекори пред кралицата, Трамп ѝ го сврте и грбот додека одеа покрај гардистите.

12.06.2021 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега