Бајден имаше задоволство да ја запознае: Модна икона и политичка „несреќничка“- која е Кери, сопругата на Борис Џонсон?

Кери Џонсон, новата сопруга на британскиот премиер Борис Џонсон, вчера првпат стапила на должност „прва дама“ на Велика Британија.

Заедно со својот сопруг, Кери им посакала добредојде на претседателот Џо Бајден и неговата сопруга Џил.

Keри на должност стапила пред само две седмици, откако таа и британскиот премиер се венчале. Парот се венчал на интимна прослава, а Кери и Борис веќе имаат едногодишен син.

Денес заедно со својот сопруг ќе ги дочекаат и лидерите на Г7 во Корнвол, поради тоа што Велика Британија е домаќин на овогодишниот Самит.

Семејството Бајден и Џонсон веќе се запознале, а првите две дами на сојузничките земји заминале на чај, додека двајцата лидери одржале прв во низата билатерален состанок.

Кери Џонсон нема да биде единствената прва дама која за првпат ќе се појави на самитот Г7.

Џил Бајден исто така првпат ќе присуствува на самит, а во истата ситуација е и сопругата на премиерот на Јапонија, но и на Италија.

За разлика од нив, првата дама на Франција, Брижит Макрон веќе неколку пати присуствувала на самит, а во 2019 година заедно со својот сопруг била домаќинка на тој собир.

Која е Кери Џонсон?

Од почетокот на својот живот Кери била опкружена со медиуми и новинари. Нејзиниот татко е еден од основачите на „Independent“, а мајка ѝ е позната адвокатка. Сè до заминувањето на факултет каде што студирала историја на уметност, живеела со семејството во југозападен Лондон.

Нејзината прва работа која ја извршувала поврзана со политика била додека работела за пратеникот Зак Голдсмит.

Таа во 2010 година се зачленила во Конзервативната партија како службеник задолжен за односите со јавноста, а две години подоцна била една од главните организатори за успешната кампања на Џонсон за позицијата градоначалник на Лондон. Подоцна работела за тогашниот министер на култура. Во меѓувреме станала директор на секторот за комуникации во Конзервативната партија, а во 2018 година ја напуштила политиката и почнаа да работи со маркетинг тим за компанија која се занимава со заштита на морињата и океаните.

Госпоѓа Џонсон од јануари оваа година се наоѓа на чело на тимот за комуникации на фондацијата „Aspinal“.

Големиот зависник од Твитер, е токму госпоѓа Џонсон, а таа често објавува коментари кои главно се однесуваат на заштита на животната средина.

Борис Џонсон пред две години стана премиер на Велика Британија, а Кери од страна го набљудуваше неговото влегување во куќата наменета за премиерот.

Меѓутоа, по изборот во декември минатата година парот заедно прошета во популарната вила која се наоѓа на број 10.

Првпат во јавноста заедно се појавија во 2019 година, а таа е неговата трета сопруга.

Борис пред да стапи во врска со Кери бил венчан со Марина Вилер со која се развел по 25 години брак.

11.06.2021 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега