Бајден и Столтенберг согласни- со Русија треба воздржаност, но и дијалог

По средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека обете страни се согласуваат за прашањето за двоен пристап кон Русија, потребни се и воздржаност и дијалог.

„Разговаравме за широк спектар на прашања – Русија, Кина, меѓународниот тероризам, киберзаканите и климатските промени“, рече Столтенберг по разговорите.

Според него, тој и Бајден се договориле за двоен пристап кон Русија. Потребна ни е воздржаност, одбрана, но и дијалог со Русија, рече шефот на НАТО.

Тој исто така ја поздрави одлуката на американскиот претседател да се сретне со лидерите на НАТО пред разговорите со рускиот претседател Владимир Путин во Женева.

„Дијалогот со Русија не е знак на слабост. Ние сме силни и единствени. Треба да разговараме со Русија. Дури и ако не веруваме во подобри односи со таа земја, мора да се справиме со комплицираните односи“, заклучи Столтенберг.

Претходно, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан изјави дека претседателот Џозеф Бајден ќе ја почне својата европска турнеја од позиција на сила. Тој исто така рече дека Америка не ја гледа претстојната средба меѓу лидерите на САД и Русија, Бајден и Путин како охрабрување, туку како дел од одбраната на американските интереси и вредности кои се од витално значење.

Во исто време, ставот на Москва е дека е недозволиво да се разговара со Русија од позиција на сила.

Средбата меѓу Бајден и Путин е планирана на 16 јуни во Женева, а пред тоа американскиот претседател ќе учествува на Самитот со ЕУ и НАТО.

Макфакс

08.06.2021 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега