Бачев: Од сабајле почнаа со провокации, го заградија половина простор

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев истакна дека Владата провоцира со металната ограда на средина од улицата пред Собрание.

-Заев прво што направи како премиер си зема лиценца за поризводство на марихуана. Затоа нашиот одговор мора да биде жесток, ние повеќе нема што да изгубиме. Можат да не следат, да не прислушуваат, да ни се закануваат, но да не дозволиме да ни го убијат духот – рече Бачев пред присутните.

Организаторите најавуваат дека ќе протестираат пред Собранието до Нова година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2018 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа