Азманов: Најавата за емисијата „Инсајдер“ беше безобразна, таков безубразлук невиден

Бизнисменот Зоран Азманов оцени дека аферата „Рекет” преставува „несреќен случај“, во кој некогашниот директор на 1ТВ, Бојан Јовановски,  се обидел да ја искористи моќта на медиумот, да уценува и изнудува пари.

Азманов денеска во Обвинителството за гонење организиран криминал  го дополни својот исказ и потврди дека Јовановски му се заканувал со објавување документи од Специјалното јавно обвинителство и Финансовата полиција. Тој го Боки дека му барал „рекет“ од 50.000 евра за стопирање на емисијата „Инсајдер”.

-Дадов денеска дополнение на исказот. Повеќе работи се поврзани со тој „Инсајдер“. Видовте и самите каква беше најавата. Најавата на таа емисија беше безобразна, таков безубразлук невиден, без да ти дадат право да кажеш збор во одбрана, да се емитува таква емисија и воопшто да не ти дадат можност да кажеш ни збор во таа емисија. Бојан Јовановски велеше дека материјалите за емисијата ги набавил од Финасова полиција и од СЈО. Кога му се јавив и го прашав „Како можеш ти таква најава да правиш за емисијата, од каде знаеш ти дека јас сум градежната мафија кога јас никогаш немам работено ниту еден бизнис со државата, нема една фактура од мене кон државата и обратно? “, тој ми рече „Не се секирај јас имам информации од Финансова полиција и од СЈО, ги имам сите документи, и нема потреба повеќе да истражувам, јас имам се“ - кажа Азманов за медиумите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега