Азманов: Боки 13 ми се закануваше со документи од СЈО и Финансиска полиција

 Бизнисменот Зоран Азманов денеска беше во Јавното обвинителство, каде даде исказ во врска со случајот „Рекет“, при што нагласи дека во обвинителството бил да го дополни исказот.

Бизнисменот истакна дека Бојан Јовановски, еден од осомничените во „Рекет“ му се заканувал дека ќе објави документи од СЈО и од Финансиската полиција. Заканите му ги упатил во телефонски разговор и тоа во периодот кога се најавувала емисијата Македонски инсајдер на 1 ТВ, чиј неофицијален сопственик беше Боки 13.

Според Азманов „Рекет” е несреќен случај, во кој Бојан Јовановски ја користел моќта на медиумот за да изнудува пари.

-Најавата на таа емисија беше безобрана, без да ти дадат право да кажеш ни еден збор во одбрана. Во телефонски разговор го прашав од каде имаш ти право да правиш таква емисија и од каде имаш сознанија дека јас сум градежната мафија, а немам ниту еден бизнис со државата,  тој ми рече да не се секирам затоа што имал информации од Финансовата полиција и од СЈО, ги имал сите документи и немал потреба ништо да истражува, истакна Азманов по распитот во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Претходно денеска за „Рекет“ исказ даде претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика.

Изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството за организиран криминал сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски.

Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за организиран криминал освен Бојан Јовановски , осомничени се и Зоран Милевски-Кичеец, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Сите тројца се во притвор. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега