Азијците од видеото кое стана вирално во Скопје биле од ОН - Добија навреди и пцовки

Азијците од видеото кое стана вирално на социјалните медиуми, каде среде центарот на Скопје маж им се обраќа со погрдни зборови поради Коронавирусот и ги пцуе, држеле работилница со деца од основно училиште во Св. Николе на тема мир, толеранција и меѓусебно почитување и биле од Обединети нации.

Како што дознава „Слободен печат“, тие вчера биле во Свети Николе, како дел од невладината организација при ОН Heavenly Culture World Peace Restoration of Light. 

Инаку, на видеото маж приоѓа со камера и зборува за Коронавирус на туристите.

- Корона вирус, ајде гоу ту Кина, мрш од тука, вели мажот и ги пцуе.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2020 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега