Азески: Клучниот момент ќе биде кога државната помош полека ќе спласнува

И по десет месеци од новонастанатата состојба што ја предзвика корона вирусот, се уште сме во неизвесност. Треба да се подготвиме за она што претстои, а клучниот момент ќе биде кога државната помош полека ќе почне да спласнува, смета претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Во текстот „Еден вурис, многу прашања, малку одговори“, објавен денеска на интернет страницата на Стопанската комора, Азески истакнува дека се оствариле сите предвидувања изнесени во март годинава.

-Во изминативе десет месеци бевме сведоци на една тешка борба со пандемијата, во која се испреплете се: непредвидливоста, неискуството, неподготвеноста, неверувањето и што ли уште не… Има ли вирус, нема ли вирус? Вештачки е произведен или природата ни враќа? Треба да се преземат заеднички мерки или поединечни мерки на ниво на држава и регион? Додека тоа се дискутираше, пандемијата се прошируваше со огромна брзина, наведува Азески.

Ќе настане голема неликвидност, ќе се доведе во прашање капиталот на компаниите, ќе има застој во снабдувањето и продажбата, беа дел од предвидувањата и предупредувањата на бизнис заедницата што ги изнесе Азески.

Според него, најмалку штети ќе има ако економијата и целото пштество се доведат на ниво на хибернација, но на стабилен и контролиран начин што подразбира диригирана и координирана активност межу државата, бизнисот и поединецот. Особено е важно, во состојба на хибернација економијата да се сведе на минимум функционалност, а тој минимум може да се обезбеди само со средства од државниот Буџет. Алтернативата е „неконтролираниот хаос“ кој може да настане.

-Оваа кратка ретроспектива не треба да се сфати како реализирана прогноза, туку како факт дека треба да се подготвиме за она што претстои, напоменува претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.11.2020 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега