Автомобилот со кој беше ограбена Тутунска Банка најден целосно изгорен

Од страна на полицијата до сега пронајдени е полнач за пиштол кој е пронајден во просториите на експузитурата на НЛБ Банка во Бутел 2 која утрово беше ограбена од страна на засега непознати вооружени лица, пишува Коха. Припадниците на Министерството за внатрешни работи го пронашле автомобилот со кој се превезувале крадците но тој е целосно изгорен. 

Весникот Коха од официјални полициски извори успева да дознае дека во близина на реката Серава кај гробиштата во Бутел пронајден е изгорен автомобил “Голф 5” со сива боја, додека во експозитурата на банката во Бутел 2 се продолжува со истрагата, а се трага по 4 лица.

Претходно беше јавен одека грабежот се случил околу 10 и 30 и дека е повреден вработен во обезбедувањето кој бил физички нападнат. Крадците ги зеле парите, имало пукање, но за среќа нема повредени.

Веднаш по добивањето на пријавата, презмени се мерки и активности од полициски службеници.

Засега не е познато колкава сума пари е земена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега