Автомобилот целосно смачкан - Вработените на бензинска ги ваделе загинатите патници кај Драчево

Страшната сообраќајка која се случи во Драчево на булеварот Борис Трајковски, кога пет лица ги загубија животите откако со автомобил се забија во камион за смет, ја потресе цела македонска јавност.

- Во незгодата возачот Ј.П. и сопатниците возилото „Рено“, С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото. Додека, возачот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција, информираат од МВР.

Сведоци на настанот велат дека сликата била траорна. Од автомобилот немало ништо, целосно бил смачкан, а први притрчале да помогнат вработените на бензинските од околината, пренесе Магазин.

 

Вработените велат дека максимално се труделе да им помогнат на повредените, но и дека било тешко да се извадат од автомобилот, бидејќи автомобил немало, туку само остатоците од лимот. Прво што слушале била силна врева. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 08:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега