Автомобил влета на автобуска во Куманово - Тешко повреден пешак

 

Дваесет и двегодишен возач од Куманово, утрово излетал од булеварот „Октомвриска револуција“, удрил во пешак и во кабина од автобуска постојка, информираше денеска СВР Куманово.

-Утрово во 06:15 часот на булeварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, 22-годишниот Ј.Ф. oд Куманово, управувајќи патничко возило „шкода октавија“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и удрил во кабина од автобуска постојка, а потоа и во 37-годишниот  пешак Р.К. од Куманово. Во незгодата пешакот и возачот се здобиле со повреди и биле пренесени во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош, наведуваат од СВР Куамново. 

Увид на местото извршила екипа од полицијата во Куманово. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега