Автомобил удрил во канделабра, повредена девојка заврши во болница

 

Сопатничка  на возраст од 24 години била повредена вчера во Кавадарци, кога автомобил удрил во канделабра. Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски денеска информираше дека сообраќајната несреќа се случила на “Западен булевар“.

- Се работи за патнички автомобил марка „фолксфаген голф“ со кавадаречки регистарскитаблици управуван од Б.П.(23) од Кавадарци. Во незгодата била повредена сопатничката 24- годишната Е.П од овој град.  Лекарска помош и била укажана во ЈЗУ Општа Болница - Кавадарци, појасни Додевски.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица - Кавадарци.

 

 

 

16.04.2018 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа