Автомобил удри во ѕид во куќа во Кавадарци - повредени две мали деца

 Две деца биле повредени во сообраќајка во Кавадарци, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Вчера во 16:30 часот сe случила сообраќајна незгода на ул. „Ќиро Спанџов“ во Кавадарци,  во која автомобил „мерцедес“ со кавадаречки регистарски броеви управуван од С.М.(32) удрил во ѕид од куќа, при што, С.М. се повредила, исто така, се повредени и сопаниците, две деца, од три и четири години. Повредените биле пренесени во болницата во Кавадарци. Бил извршен увид на местото на настанот, појасни Додевски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа