Автомобил прегази девојка во Битола

 

Битолчанка се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрил автомобил.

„Вчера утрината во 06:50 часот на крстосница помеѓу булеварот „1 Мај“ и улицата „Стив Наумов“ во Битола, патничко моторно возило ,,фолксваген поло“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот П.Т. од Битола, удрило во 33-годишната Б.А. од Битола. Во незгодата Б.А. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Битола“, информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2019 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега