Автомобил паднал од траект, загинаа две жени

 


Две жени загинаа откако нивното возило паднало од траект кој ги превезувал на островот Фишер, каде што се наоѓа ексклузивното одморалиште во близина на Мајами.

Локалната спасувачка служба и американската крајбрежна стража примиле дојава од операторот на траектот кој ги известил дека од бродот паднало возило.

Нуркачите по неколку часа во близина на островот го пронашле возилото, син „мерцедес“.

Во автомобилот имало тела на две жени. Полицијата и крајбрежната служба го истражуваат инцидентот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 20:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега