Автомобил излетал од патот утринава кај Кавадарци- малолетник тешко повреден

Малолетник повреден  на патпот Кавадарци- Неготино откако автомобил изгубил контрола и излетал од патот.

„На 22.11.2020 во 03.04 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци–Неготино, на влезот кај с.Марена, патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од Кавадарци, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Кавадарци, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци“информираат од полиција

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2020 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега