Автомобил излетал од патот кај Ржаничино- четири лица биле повредени

Автомобил излетал од патот кај Ржаничино, по што четири лица биле повредени.

-На 09.06.2021 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Пријателство“,  во близина на надвозникот во с.Ржаничино, скопско, патничко моторно возило „цитроен ксара пикасо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.М.(46) од Велес, излетало од коловозот, пренесува МВР

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Љ.Б.(53) од Велес, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници Ј.К.(19) и А.Б.(22), двајцата од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

10.06.2021 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега