Автомобил излета од патот и удри во бетонски ѕид - маж се бори за живот на Ургентен

 

Во село Долно Палчиште, тетовско, вчера во 7 часот утрината 54-годишниот И.К. од село Долно Палчиште, управувајќи патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во бетонски ѕид. 

Од ударот И.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Тетово, од каде како итен случај во неконтактибилна состојба бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде бил задржан на лекување и се наоѓа во животна опасност. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Тетово.

 

 

 

 

12.08.2018 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа