Автомобил изгубил контрола и удрил во металната ограда на автопатот Скопје-Тетово, четири лица повредени

Четири лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово. Несреќата се случила синоќа, кога автомобилот изгубил контрола и удрил во метална ограда.

Во незгодата, сопатникот З.Ф.(19) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди, а возачот и уште двајца сопатници Б.М.(25), И.Ш.(28) од Скопје се здобиле со телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега