Автобусите на ЈСП во понеделник ќе сообраќаат по неделен возен ред

Од ЈСП Скопје информираат дека во понеделник, поради неработниот ден по повод државниот празник 8 Септември-Ден на независноста, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Жичницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време, а по неделен возен ред ќе сообраќаат и автобусите на линија 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно). Превозот на посочените линии за сите патници ќе биде бесплатен согласно одлуката на Советот на Град Скопје за бесплатен превоз во недела на посочените линии за сите категории на патници.

Дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарницитре на Транспортен центар и на Зелен пазар, а од 7 до 13 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.09.2019 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега