Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

Поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз утре ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информираат дека истиот режим ќе важи и во сабота и во недела.

– Во петок и во недела, дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 7 до 19:30 часот отворени ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и на Зелено пазарче, а билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13 часот, соопштуваат од ЈСП.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега