Автобус удрил во жена пред трговски центар во Велес

Жена се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрил автобус, информира МВР.

- На 29.10.2020 околу 07:00 часот на ул. „Благој Ѓорев“, во близина на трговски центар во Велес, автобус со велешки регистарски ознаки, управуван од 59-годишниот Т.Р., удрил во пешак 38-годишната Н.Р.. Во незгодата, Н.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес, каде била пренесена за укажување на лекарска помош. Бил извршен увид на местото на незгодата - соопшти полицијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2020 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа