Автобус удри во 11-годишен велосипедист во Струга

 

Вчера во 19:40 часот на улица „Едвард Кардељ“ во Струга автобус „Ивеко“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 57-годишниот Г.П. од село Мислешево, струшко, удрил во велосипед управуван од 11-годишно момче од Струга.

 Од ударот дететот се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош Струга бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ - Охрид, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.   

 

 

 

 

12.08.2018 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа