Австрија го поздрави договорот меѓу Скопје и Атина

 

Министерката за надворешни работи на Австрија Карин Кнајсел им честиташе на Атина и на Скопје на изнаоѓањето решение за долгогодишниот спор за името на Македонија.

Кнајсел во таа прилика веќе го употреби идното име на Македонија.

- Честитки за Грција и за Северна Македонија за решавањето на долгогодишниот спор за името. Тоа е успех на дијалогот и дипломатијата. Тоа е важен ден за целиот регион, напиша таа на Твитер.Нејзиниот твит подоцна го сподели и австрискиот канцелар Себастијан Курц.

 

 

 

 

13.06.2018 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега