Австралија се откажа од купување вакцини на „Џонсон и Џонсон“

Австралиската влада денеска објави дека се откажува од набавка на вакцини од компанијата „Џонсон и Џонсон“, кои се примаат само во една доза.

Во исто време, беше потврдено дека е идентификуван уште еден случај на пациент со тромбоза, кој веројатно е поврзан со примање на вакцината на „Астра зенека“, се наведува во извештајот на АП.

Австралискиот министер за здравство Грег Хант објасни дека владата се откажала од купување вакцини на „Џонсон и Џонсон“, бидејќи нивната подготовка е слична на онаа што ја произведува „Астра зенека“, од која Австралија веќе нарачала 53,8 милиони дози.

Австралиската влада ја удвои својата нарачка од компанијата „Фајзер“ за уште 20 милиони дози, кои треба да бидат доставени во последниот квартал од оваа година.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега