Австралија испрати воена помош во Украина

 

Австралија ги испрати првите четири од 14-те најавени оклопни транспортери во Украина како дел од пакетот помош од 285 милиони долари.

Транспортерите M113AS4 беа натоварени во украински авион минатата недела откако поранешниот министер за одбрана Питер Датон вети транспортери и 20 оклопни возила, пренесува „Гардијан“.

Украинскиот амбасадор во Австралија Васил Мирошниченко повика на дополнителна воена помош, особено кога станува збор за ракети со долг дострел кои можат да погодат цели на оддалеченост од 150 километри, како и муниција.

20.06.2022 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа