АВМУ: Сител останува убедливо најгледана телевизија во Македонија

 

Агенцијата за медиуми ги објави податоците за уделот во вкупната гледаност на медиумите за вториот квартал од годината. Сител, Канал 5 и МТВ1 имаат најголем удел во гледаноста на телевизиите.

На прашањето кои домашни и странски ТВ-канали ги гледавте вчера, одговорите биле дека Сител го гледаат 36,29%, Канал 5, 28,21% и МТВ1, 20,67%. На четврто место е Телма со 19,38% и Алсат-М на петто место со 13,96%. Од странските телевизиски канали во Македонија најгледани биле Фокс, Дискавери, Нешанал џеографик и Спорт клуб.

Идентични се податоците и за неделниот досег на гледаност по телевизии: Најгледана е Сител со 51,25%, потоа Канал 5 со 42,79% и  МТВ со 28,29%.

Во анкетата на АМВУ е користен полуструктуриран прашалник. Анкетирањето е направено со CATI метода – телефонско интервју со компјутер. Вкупниот репрезентативен примерок го сочинуваат 2 400 испитаници.

 

 

 

17.07.2018 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега