АВМУ: Ниту е побарана, ниту пак е одобрена промена на сопственичката структура на 1 ТВ

По веста дека 1ТВ има нов сопственик, Богдан Дамјановски, од АВМУ, преку соопштение известиија дека досега, од Агенцијата ниту е побарана, ниту пак е одобрена промена на сопственичката структура на 1 ТВ.

„Согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, радиодифузер, вклучувајќи ја и 1ТВ, не смее да направи промена на сопственичка структура пред истата да биде одобрена од страна на Агенцијата. Воедно, Централниот регистар не треба да впишува промена на сопственичката структура, без одлука на Агенцијата со која се дозволува планираната промена.

Досега, од Агенцијата ниту е побарана, ниту пак е одобрена  промена на сопственичката структура на 1 ТВ.

Изминатиот период, имајќи ги предвид последните случувања поврзани со 1ТВ, Агенцијата започна низа активности за утврдување дали оваа телевизија ги исполнува условите и обврските утврдени во Законот и во дозволата за телевизиско емитување. Покрај проверката на посебните минимални просторни и кадровски услови, како и исполнувањето на програмскиот концепт за кој е доделена дозволата, Агенцијата е во координација и со Министерството за внатрешни работи во врска со одредени аспекти од работењето на оваа телевизија„ велат во своето соопштение од АВМУ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега