Авионско прскање против комарци во Штип

На територијата на општина Штип денеска се спроведува  авионска дезинсекција со цел уништување на возрасните комарци. Запрашувањето се спроведува во периодот од 5 до 07:30 часот наутро.

Како што информираат од општината, со третирањето ќе биде опфатено централното и приградско подрачје, како и течението на река Брегалница, река Отиња и зелените површини во урбаните населби на територијата на општина Штип со површина до 850 хектари.

Во случај на неповолни временски услови, ветар, дожд и друго, дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Од Општина Штип известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

17.06.2022 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега