Авионски депортирани 20 македонски државјани од Германија

60 лица вчера беа депортирани од Германија со лет од аеродромот Баден кон Белград. Воздухопловот кој превезувал 40 лица од Србија и 20 лица од Македонија полета напладне од аеродромот во Карлсруе, потврди регионалниот совет, пренесува „Сител“

Претходно, Советот за бегалци во Хамбург протестираше против депортацијата. Најмалку четири лица беа приведени во градот Ханзештад со цел да депортирани во Србија.

Официјалниот став на германското министерство за миграција е дека во своите матични држави ќе бидат вратени сите странци кои што не ги исполнуваат условите за добивање азил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2020 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега