Авион во Русија слетал принудно: Пилотот загубил свест додека слетувал

Авион на црногорската компанија „Монтенегро ерлајнс“, кој летал на релација Тиват – Москва, денеска принудно слета на аеродромот во рускиот град Калуга откако пилотот изгубил свест, јави агенцијата ТАСС.

-Додека авионот се приближуваше кон Москва и веќе се спушташе, на капетанот му се слоши и изгуби свест. Поради тоа, авионот мораше принудно да слета во Калуга, југозападно од Москва, изјави претставник од службата за авијација.

Принудното слетување помина уредно и никој не е повреден.

Компанијата „Монтенегро ерлајнс“ соопшти дека авионот слетал принудно бидејќи му се слошило на пилотот.

Во соопштението се наведува дека неговата состојба е стабилна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2019 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега