Авион одеднаш почнал да се тресе, повредени 35 патници - драма на небото, канадски авион принудно слетал

Авион на „Ер Канада“, поради силни турбуленции, принудно слета на Хаваи, при што 35 лица се повредени.

Како што соопшти компанијата, авионот летал кон Австралија, но бил принуден да слета поради „непредвидени и изненадни турбуленции“.

-Според сегашните информации, 35 лица се полесно повредени, изјави портпаролката на компанијата.

Турбуленциите, како што изјави, пак, портпаролот на американската Федерална администррација за воздухопловство, се случиле на околу 11.000 метри, на околу 950 километри од Хонолулу.

Во авионот имало 269 патници. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2019 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега