ФБИ ја истражува мотивaта за нападот врз двајцата припадници на Националната гарда на САД

Министерството за внатрешна безбедност на САД (DHS) го идентификува осомничениот напаѓач како авганистански државјанин, Рахманулах Лаканвал, кој во САД пристигнал во 2021 година во рамки на програмата за преселување на Авганистанци што соработувале со САД за време на војната.

Според објавеното, нападот се случил вчера напладне — Лаканвал, кој бил ранет при неговото апсење, е осомничен дека отворил оган кон двајца војници на Националната гарда во близина на Белата куќа во Вашингтон. Во престрелката, двајцата војници се тешко ранети и се во критична состојба, а приведениот напаѓач е исто така повреден.

По инцидентот, агентите на Тајната служба на САД ја спровеле безбедносната процедура — Белата куќа беше ставена под блокада како мерка на претпазливост. Во меѓувреме, претседателот Доналд Трамп побара распоредување на дополнителни 500 војници од Националната гарда, кои ќе се придружат на веќе распоредените 2.000 војници во главниот град.

Во негова прва реакција, Трамп го оцени нападот како „терористички чин“ и порача дека виновникот „ќе плати висока цена“.

Сѐ додека трае истрагата, мотивите зад нападот остануваат неизвесни — ФБИ ги анализира околностите, додека властите ја зголемија безбедноста во Вашингтон.

Exit mobile version