Ауди излета од патот Скопје-Куманово

Едно лице е тешко повредено откако со возилото излетало од патот Скопје-Куманово.

Во 07.30 часот на автопатот Скопје - Куманово, на исклучокот за обиколницата на град Скопје, патничко возило „ауди А8“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот А.М. од селото Инџиково, скопско, излетало од патот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега