Атиџе се онесветила утрово: „Бев гладна, ми се сврте и паднав“

Главната протаготистка од документарниот филм „Медена земја“, денеска беше гостинка на отворањето на настанот „Денови на македонскиот мед“ каде Атиџе во моментот  кога пред јавноста се обраќал министерот за земјоделство Аријанит Хоа и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, изгубила свест и паднала при што веднаш била повикана Брза помош.

Атиџе за ММС.МК потврди дека сега е добро и дека гладот си го направил своето.

-Не почувстував ништо претходно. Да почувстував ќе се придржев за нешто. Но, така од нигде никаде ми се слоши, паднав и со главата малку се удрив. Немам никакви здравствени проблеми, освен што слабо јадев што немав апетит бидејќи многу се нервирав, рече Атиџе за ММС.МК и додаде:

– Им благодарам на сите што ми помогнаа на лекарите, на министерот. Дојдоа лекари, ме прегледаа, немав проблеми со притисокот, немав проблеми со шекерот, освен што бев гладна. Сега е се во ред. Добро се чувствувам.

Кај пријател сум на гости, јадев, пиев вода и добра сум“, рече таа за ММС.Мк

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега