Аталанта убедливо против Валенсија, Лајпциг од пенал славеше во Лондон

Германскиот прволигаш во Лондон го победи Тотенхем со гол од пенал, кој го реализираше напаѓачот Тимо Вернер, а Аталанта продолжи со одличната игра и во Милано ја победи Валенсија со 4:1.

Германците успеаја да дојдат до позитивен резултат во 58-та минута откако Вернер беше прецизен од белата точка.

Аталанта продолжува со добрите натпревари во Лигата на шампионите и покажа дека не е аутсајдер во елиминациските дуели.

Со головите на Ханс Хатебоер во 16-та и во 62-та, Јосип Иличиќ во 42-та, Ремо Фреулер во 57-та минута дојдоа до сигурна победа. Валенсија успеа да ја намали предноста преку Денис Черишев во 66-та минута.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 23:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега