АСОМ: Да се почитуваат мерките за заштита од вирусот

Асоцијацијата на спортски обложуваници апелира до играчите и во најава на есенски бран на вирусот да се почитуваат мерките за лична заштита при доаѓање во нивните објекти.

Од АСОМ, во соопштение наведуваат, дека тие четири месеци работат непречено и оти досега нивните објекти функционираат целосно пропишаните протоколи за работа, донесени до страна на Комисијата за заразни болести.

-Немаме прекин на работата во ниту еден од објектите на нашите членки заради Ковид-19, што покажува дека и во услови на пандемија, индустријата може да работи, ако доследно се почитува пропишаното. Со оглед на најавите за евентуален есенски бран, апелираме до играчите да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита и да се придржуваат до протоколот според кој работат обложувалниците. Здравјето на нашите вработени и нашите играчи е наш највисок приоритет, истакнува Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

Спортските обложувалници беа меѓу првите деловни субјекти кои со рестриктивните мерки на Владата за заштита од ширење на Ковид-19 беа целосно затворени од 14 март 2020 година и повторно беа пуштени од 13 мај. Од АСОМ истакнуваат дека и покрај големите загуби во текот на двомесечното затворање ги задржале сите свои вработени.

Согласно проколот за работа, во сите членки на АСОМ на влез се поставени дезинфекциски средства, вработените носат заштитна маска, на шалтер е присутен по еден играч со растојание од два метра со играчот кој следен чека за уплата, а во објектите во текот на работното време и по завршување се врши редовно чистење и дезинфекција на сите простории и инвентар.Играчите задолжително мора да носат заштитна опрема на лице, маска или прекривка, да одржуваат физичко растојание од два метри во уплатното место, и да ги користат средствата за дезинфекција на раце, поставени на влезовите од обложувалниците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа