Асим Муса си поднесе оставка по вчерашниот скандал

Заменик министерот за здравство, Асим Муса, денеска на прес-конференција си поднесе оставка по корупцискиот скандал во кој беше фатен.

- Повеќе од 23. години сум во служба на граѓаните и општеството не само тука туку и пошироко. Работев со чест и посветеност. Донесов одлука да се повлечам од функцијата и да ја расчистам оваа дамка и стапица против мене, вели тој.

Заменик-министерот за здравство Асим Муса беше фатен на дело од екипата на најпознатото албанско истражно шоу, Фикс Фаре, кое се емитуваше вчера во 20:10 часот на Top Channel, како се пазари со пациент од Албанија за да се изврши операција во една од болниците во Струга. За оваа работа, Муса побарал 1.000 евра, додека однапред земал 50 евра.

Во емисијата се тврдеше и дека заменик министерот меѓу другото правел и сунети и дека тоа го правел за бакшиши.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега